ЕВН ја продава зградата на плоштадот

364

ЕВН го продава својот дел од зградата на плоштадот „Македонија“, објави Независен. Вработените во компанијата веќе четири години не го користат деловниот простор во објектот што го делат со ЕЛЕМ. Тие се иселија за да започне реконструкцијата, која на фасадата требаше да ѝ даде барокен лик.

Во моментов, вработените не можат ниту да се вратат, бидејќи обновата не се знае, ниту кога ќе продолжи, ниту кога треба да заврши. Според огласот што ЕВН го објави минатата недела, се бара купувач за 2.650 квадратни метри деловни простории, распоредени на приземје и пет ката, 760 квадрати двор и 690 квадратни метри земјиште под зграда.

Првенство за купување има ЕЛЕМ, сопственик на остатокот од деловните простории во зградата, но доколку се согласи со највисоко постигнатата сума на јавното наддавање. Краен рок за понудите е 14 декември, а заинтересираните мора да го купат просторот како целина.