Македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери го посетија американскиот носач на авиони „Хари Труман“.
Шекеринска, Заев и Џафери на носачот на авиони за кој велат дека сега со членството на Македонија во НАТО Алијансата е дел од нашата одбрана, остварија средба со адмиралот Џејмс Фого, прв човек на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО стационирани во италијански Неапол.
Македонската делегација од Неапол на носачот на авиони „Хари Труман“ беше пренесена со транспортниот авион Grumman C-2 Greyhound, кој инаку е дел од ескадрилата за логистичка поддршка VRC-40 “Rawhides” со седиште во Норфолк, Вирџинија.


Токму амблемот на оваа ескадрила на кој е прикажан јавач на коњ на изгрејсонце е аплициран на транспортниот авион со кој македонската делегација беше пренесена на носачот на авиони, нешто што е пракса во американската армија.
Од вчерашниот ден на носачот на авиони “Хари Труман”. На авионот зад нас од ескадрилата на САД аплицирано и нашето знаме. Членството во #НАТО на дело. pic.twitter.com/r1VRYtVF1a
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) December 10, 2019
Тоа значи дека македонското знаме не е аплицирано на авионот како што вели министерката Шекеринска, но тоа исто така не е ниту знамето на американската сојузна држава Аризона како што пренесоа дел од македонските медиуми кои исто така направија гаф, повикувајќи се на низа на Твитови.



