Откако се појави, луѓето не престануваат да зборуваат за новиот Нетфликс хит, реномираната мини-серија „The Queen’s Gambit“.
Затоа не е нималку изненадувачка објавата на Нетфликс дека „Шаховско чудо“ е најпопуларната мини-серија досега на таа платформа.
Серијата е емитувана во сите држави, вклучувајќи ги и Русија, Хонг Конг, Франција, Тајван и Австралија, а на листата на најгледани се нашла во дури 92 земји, од кои на 63 е на прво место.
Во исто време, многумина на овие бројки им пристапуваат со резерва, бидејќи Нетфликс сам ги објави, а не постои начин нивната статистика независно да се провери.
Големата гледаност не е единствен резултат за популарноста. Гугл покажува дека побарувачката за ‘Шаховско чудо’ пораснала за 250 отсто, а романот според кој настанала серијата се најде на листата на бестселер 37 години по излегувањето.
Инаку, серијата е снимена според романот на Волтер Тревис и ја раскажува приказната за вртоглавиот подем на ‘чудо од дете’, шахистката Елизабет Хармон, на самиот врв на оваа игра ‘резервирана’, пред сè, за мажите.
Ања Тејлор Џој, актерката која ја толкува Бет Хармон, добила многу позитивни критики поради начинот на кој одглумила во серијата, а можеби уште поважно е тоа што помеѓу импресионираните се нашле и некои од најголемите шахисти од реалниот свет.
Инаку, ликот Бет Хармон, делумно е инспириран од контроверзниот, егоцентричен шахист Роберт Боби Фишер, американско „чудо од дете“ кое стана светски првак во 1972-ра година во „мечот на векот“ со рускиот шахист Борис Спаски, одржан среде Студената војна.