Селма Хајек го прослави својот 56-ти роденден, па за таа прилика на својот Инстаграм профил објави видео на кое танцува во црвено бикини.
„Нека ми е среќен 56-от роденден“, напиша актерката покрај снимката на која насмеана танцува со песната „Happy Birthday“.
Под објавата се појавија над 20.000 роденденски честитки, меѓу другите, сè најдобро на Салма ѝ посакаа познатите колеги Ентони Хопкинс, Блејк Лајвли и Зои Салдана.
Многу следбеници ѝ дадоа комплименти за нејзиниот изглед.
„Уууу, убавата Салмита го покажува своето прекрасно тело на море кое толку многу го сака. Ти посакувам сè најдобро, многу здравје, успех и среќа. Те сакаме и ти си нашата голема мексиканска гордост“, „56 години никогаш не изгледаше толку добро“, „Прекрасни 56 години. Секоја чест“, „Ти си моја инспирација“, „Невозможно е да имаш 56 години“, се само дел од реакциите под видеото кое има над 6 милиони прегледи.
Инаку, од 2009 година актерката е во брак со францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино, со кој ја има 14-годишната ќерка Валентина Палома Пино.