Твитер заедницата експлодираше после контроверзната изјава на Заев: Смрт на фашизмот, слобода на народот!

274

Премиерот Зоран Заев денеска со својата контроверзна изјава го навлече гневот на македонската јавност, а социјалната мрежа „Твитер“ експлодираше со негативни критики.

Заев во интервјуто за бугарски „БГНЕС“ порача дека Бугарија за време на Втората светска војна не била фашистичка земја и окупатор, туку дел од „антифашистичкиот фронт“ кој ослободувал делови од територијата на Македонија.

„Бугарија не беше фашистичка, Бугарија беше наш пријател“, порача Зоран Заев и ги погази историските факти кои говорат за бројните бугарски злосторства од времето на Втората светска војна, како што е депортацијата на македонските Евреи и масакрот кај Ваташа.

Меѓу другото, Заев порача дека Гоце Делчев треба да ги зближува граѓаните на двата народи кои биле разделени поради почитичарите од времето на поранешна Југославија.

После контроверзното интервју, на социјалните мрежи има лавина на критики, а експлодираше и Твитер заедницата која упати низа на негативни критики.