Теретана, скап автомобил и летувања: Насмеаниот убиец од Баново брдо на социјалните мрежи се фалел со луксузен живот

0
376

41-годишниот Чаба Дер, платеник осомничен дека на 5-ти јануари ладнокрвно го убил 37-годишниот Небојша Марковиќ на Баново брдо, во текот на еден период бил прилично активен на социјалните мрежи.

Платениот убиец од Суботица, кој зад себе има пошироко криминално досие, на една социјална мрежа објавувал голем многу фотографии и видео снимки од летувањата на разни егзотични дестинации.

Дер со своите пријатели на мрежата споделувал и фотографии од патувања во странство, како и снимки од теретана на кои се гледа како удира во вреќа.

Пред убиството на Марковиќ, Чаба Дер вршел валкани работи и надвор од Србија, па така во 2017-та година бил уапсен во БиХ, каде на полицијата и признал дека дошол за да изврши ликвидација, но не сакал да го открие името на метата.

Како што пишува српски “Blic”, постои сомнеж дека сакал да го ликвидира Армин Османагиќ, лидер на Барскиот клан кој е во судир со Шкалјарскиот клан.

Дер, кој претходно минал 14 години во затвор поради убиство на Бранислав Јелачиќ, истакнат член на групата “Фирма” од Нови Сад, која долга низа години била активна во српското подземје, и натаму е во бегство.

Полицијата интензивно трага по него од 5-ти јануари, откако безбедносните камери снимиле како пука неколку куршуми во Небојша Марковиќ. Сите полициски единици се на нозе и пребаруваат бројни локации, додека се следат и граничните премини.

Како што тврди еден од членовите на семејството на убиениот, на Чаба за ликвидацијата му биле ветени 10.00 евра, половина пред, а половина по извршувањето на злосторството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here