Телма: Тинејџер е креатор на групата „Јавна соба“, каде се споделувани клипови на малолетнички со интимна содржина

283

Полицијата влезе во трагата на администраторот на групата Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, дознава Телма од извори во МВР. Во групата формирана на социјалната мрежа Телеграф беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина.

Средношколци но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над 7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни, пишува Телма.

Истрагата на полицијата е во тек, а информирано е и Јавното Обвинителство. Ескпертите велат дека ова е само една од десетината вакви групи кои циркулираат на интернет.