Тамара Тодевска позираше со голи гради

294

Пред 6 години, односно во 2015 година, нашата позната поп-пејачка Тамара Тодевска ја изненади јавноста со провокативните голи фотографии кои ги направи за потребите на календарот на еден наш познат бренд за пијалок.

Иако помина доста време оттогаш, овие ултра жешки фотографии на Тамара и ден денес се актуелни и коментирани, а за истите дури се пишуваше и во српските медиуми.

ФОТО:;ЧЕДО ПОПОВСКИ ЗА ПЕЛИСТЕРКА

Тамара и денес е горда на истите, па без резерва се сеќава на нив и практикува да ги сподели. Токму тоа го направи и сега на своите „стори“ објави на Инстаграм.

На конкретната фотографија Тамра позира со голи гради, односно се делумно покриени со црни трегери.

ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН

На главата има црвена перика со која дополнително изгледа огнено секси. Веруваме дека колку години и да поминат, овие храбри фотографии на Тамара никогаш нема да бидат заборавени.

За потсетување, покрај Тамара Тодевска за овој календар за 2015 година пред објективот на Чедо Поповски позираа и Марјана Станојковска и Аделина Тахири.