НА МАЈКА УСПЕШЕН СИН: Се јави мајката и го поддржа Роберт Орданоски, бившиот директор на АЕК

130

Разводите се тежок период за секое семејство, а поранешниот директор на АЕК Роберт (Боби) Орданоски реши својата одлука за развод и причините за тоа да го сподели со јавноста пишувајќи на Фејсбук дека неговата сопруга сака да го напупшти затоа што, според него, “се оладила бидејќи не е веќе директор и не може да и ги исполнува финансиските барања…“

Со поддрша на неговиот пост на Фејсбук се јави и неговата мајка, Радмила Орданоиска, која напиша:

“ Боби, ти поскаувам се надобро. Да се справиш со сите проблеми на надобар начин. Со тебе сум јас, твојата мајка и твојот брат, многу работа издржа за овие години и на работа и дома. Мораш да бидеш јак бидејќи ти си син на прави интелектуалци, мајка професор по книжевност со македонски и словенски јазици, таткоти 25 години судија кој неодамна почина а јас како професор кој не дозволи ниедна четворка да немате за време на вашето школување.

Завршивте во најдобра гимназија во Скопје со многу натпревари по математика и Електротехнички факултет, групоа КТИА, насока компјутерска техника, информатика и автоматика. На моја жалост мојот помлад син не е вработен а тебе те малтретираат. Заклучок, на нашата држава не и требаат интелектуалци. Така Боби треба да си горд што сите во твојата фамилија се интелектуалци, се со високо образование ама на жалост твојот татко почина а јас се справувам со проблеми…“

Споделувањето на љубовните или брачните проблеми на социјалните мрежи, без разлика за кого се работи, по некое непишано правило, секогаш предизвикувало големо внимание и интерес од јавноста.

Посебно пак, кога станува збор на поранешен висок функционер, во случајов кој од вчера стана топ тема во јавноста, поранешниот директор на АЕК, Роберто Орданоски, кој обелодени на доста невкусен начин дека се разведува од сопругата Агнеса, која е мајка на нивните две малолетни деца.

Роберт Орданоиски околу нова година на Фејсбук се пожали дека има сериозни здравствени проблеми, имено има воспаление на десниот тестис: