Таинствен нигериски „џин“, повисок од Бобан Марјановиќ, им се заканува на НБА рекордите (ВИДЕО)

250

Сонот на секој кошаркар е еден ден да заигра во НБА лигата, а меѓу илјадниците таленти, еден кој се издвојува над сите е „џинот“, Абиодун Адегоке. Нигеријецот кој е висок 236 сантиметри пробува да се пробие на кошаркарската мапа, но него го следи и мистерија бидејќи никој не знае колку години има ова „момче“.

Според некои извори станува збор за 18-годишен тинејџер, други тврдат дека има 21 година, додека еден извор од неговата татковина вели дека во 2016 година, Адегоке имал 17 години и бил висок 218cm. Според „Њујорк Тајмс“, станува збор за тинејџер со оглед на тоа дека оваа година Нигеријецот брои настапи со младинската „MPAC Elite“ лига во Дубаи.

Неговата годишна возраст не е јасна, меѓутоа јасно е дека со висината од 236cm, Адегоке ќе создаде проблеми во противничките рекети, со оглед на тоа што му е потребно само да ја подигне раката за да забие.

Дали Нигериецот ќе стигне до НБА лигата и ќе го сруши рекоердот за највисок играч, кој денеска изнесува 231cm останува да видиме. Адегоке веќе го привлече вниманието на Шекил О’Нил па се јавуваат и шпекулациите дека кошаркарот ќе биде искористен како „маркетиншки трик“.