Хабиб: “Земете ми ги сите пари, јас само ја бранев мојата чест, семејството и религијата”

194

Хабиб Нурмагомедов, UFC првакот и еден од најпопуларните борци на денешницата, уште еднаш изјави дека не се смета за виновен за инцидентот после борбата против Конор Мекгрегор и дека ја бранел својата чест, семејството и религијата.

Да се потсетиме, после борбата помеѓу Хабиб и Мекгрегор, Русинот се префрли од оградата и се пресмета со еден од членовите на противничкиот тим, поради што го изгуби хонорарот од борбата и му се заканува строга казна од Спортската комисија во Невада.

“Тие веќе се состаноа и на крајот не одлучија ништо. Сакаат да одам на следното сослушување, а јас сметам дека не сум виновен. Го завршив она што започна пред борбата, повторно повторувам дека не сум виновен и да му судат на тој кој е виновен. Ја бранев мојата чест, семејството и религијата”, вели Хабиб.

“Нема да одам на сослушување во Лас Вегас, нека ми земат сè и сите пари кои ги заработив и нека ме суспендираат на десет години. Натпреварот го завршив според сите правила и тука мојата работа заврши. Никогаш нема да се вратам таму, нека прават што сакаат”, рекол Русинот.

Нурмагомедов одговори и на прашањето за евентуална борба со Флојд Мејведер, а рекол дека доколку се постигне договор, едниот двобој ќе биде според боксерски, а другиот според MMA правила.

“Ако дојде до двобој помеѓу мене и Мејведер, тогаш ќе се одржат две борби. Првата според боксерски, а втората според MMA правила”, изјави Хабиб.

loading...