Светската здравствена организација (СЗО) денеска повтори дека вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна врз фер основа.
Високиот официјален претставник на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека таканаречените Ковид пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања, поради големиот број проблеми, вклучувајќи ги и етичките причини, бидејќи вакцините против коронавирусот не се лесно достапни на глобално ниво.
Шефот за вонредни операции во СЗО додаде дека постојат „вистински практични и етички размислувања“ за земјите што го разгледуваат прашањето за користење на сертификатите за вакцини како услов за патување, додавајќи дека Агенцијата за здравство на Обединетите нации засега не го препорачува.
-Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа, рече Рајан на брифинг со новинарите, пренесуваат американските медиуми.
СЗО претходно забележа дека се уште не е познато колку трае имунитетот од големиот број лиценцирани вакцини прогив Ковид-19 и дека податоците се уште се собираат.
Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна кон луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето Ковид пасош може да овозможи „неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот“.














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)


















