Хмирова се враќа во ЖРК Вардар

195

Во европската одисеја на ЖРК Вардар, дел од ѕвездениот состав кој играше значајна улога во ЛШ завршниците беше и руската интернационалка, Татјана Хмирова. Таа повторно е дел  ЖРК Вардар, но овој пат во друга улога.

Хмирова е во Скопје, по нејзината последна ракометна епизода во Тенерифе, овој пат таа започнува тренерска кариера. Нејзин прв предизвик е Вардар, каде ќе работи во првиот тим. Сакајќи да помогне во градењето на тимот, таа ќе пренесува искуство на младите вардарки. Сосема очекувано, раководството го прифати тоа со големо задоволство, овозможувајќи повторно  да биде дел од црвено-црниот тим каде остави голем впечаток.

km2

Обостран е бенефитот, со ова раководството на тимот на својот млад ростер му пружи бесценето искуство. Младите вардарки работат со својот идол, учат од една ваква реномирана ракометна ѕвезда, „впиваат“ непроценливо знаење од екс руската репрезентативка. Веќе асистираше на неколку тренинзи на Ристова, таа работеше со крилата пред Куп предизвикот. Вчера од 27 гола, 12 беа дело на три крилни играчи: Миновска, Трпевска и Диневска.

km3

За репрезентацијата на Русија, Татјана Хмирова има настапувано во сите младински категории. Во 2008 година со Русија стана светски младински шампион и беше прогласена за најкорисен игра на ова СП. Истата година Хмирова дебитираше за сениорската репрезентација на Русија на ЕП на кое Македонија беше домаќин и освои бронзен медал. Во 2009  го освои златото на СП во Кина, а настапи и на СП 2011 во Бразил на кое Русија беше седма и на ЕП 2012 во Србија на кое руската репрезентација го освои 6.место. Таа имаше и пребогата клубска кариера со дузина пехари во силни европски тимови.