Џек Ма: “Ако не сакате да работите 12 часа дневно, 6 дена во неделата – не се ни пријавувајте”

0
131

“Ако сакате да работите во “Алибаба”, мора да се припремите за 12-часовен работен ден или не се ни трудете да нѝ се придружите”, порачал на еден неодамнешен состанок основачот и шеф на оваа компанија, Џек Ма.

Напорните и стресните работни услови во кои од вработените се бара работа од 9 наутро до 9 вечер, 6 дена во неделата, не се врзани само за оваа компанија, туку и за бројни други кинески компании чии работници често се чувствуваат искористено.

Оваа кинеска работна култура, позната како “996” го зема својот данок, па често луѓето “прегоруваат” на работа и немаат време за уживање во животот, а со такви услови не можат да размислуваат ниту на семејство.

Со кинеската технолошка индустрија се поврзани приказни за неочекувана смрт на програмери и основачи на старт-ап компании поради бројните прекувремени работни часови и стрес. Но, оние кои сакаат да работат во “Алибаба” и другите големи компании, немаат голем избори бидејќи Ма јасно изјавил дека не бара луѓе кои ќе работат по осум часа дневно.

Поранешниот наставник по англиски јазик кој ја основал “Алибаба” во 1999 година, а денес важи за еден од најбогатите луѓе во Кина, изјавил дека тој и неговите први луѓе редовно имаат долго работно време.

“Во овој свет сите сакаат успех, убав живот, сакаат да бидат почитувани. Да ве прашам – ако не вложувате повеќе време и енергија од другите, како ќе го постигнете успехот кој го сакате?”, прашал Џек. Тој додал и дека се чувствува среќно, дека не жали што работи прекувремено и дека никогаш не би го променил тој дел од себеси.

Интернет форумите се преполни со коментари од незадоволни и исцрпени работници, како овој коментар на “Weiba”:

“Шефовите работат од 9 до 9, шест дена неделно, бидејќи работат за себе и нивното богатство расте, а ние работиме бидејќи сме искористувани и не сме платени за прекувремената работа”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here