СЗО: Најмоќниот суперкомпјутер на светот пронајде четири кандидати за лек против Ковид-19

778

СЗО објави истражување од тим научници од Универзитетот во Мајнц, во кое меѓу останатото наведено е дека лековите кои што се користат за лекување на хепатитис Ц, можат да помогнат во борбата против Ковид-19.

Неколку лекови кои што се одобрени за лекување на вирусната инфекција хепатитис Ц, идектификувани се како потенцијални кандидати за лечење на Ковид-19, болеста предизвикана од SARS-CoV-2.

Резултатите од тоа истражување базирани се на општи податоци и користење на суперкомпјутерот „MOGON II“ од Универзитетот „Јоханес Гутенберг“ во Мајнц.

„MOGON II“ е еден од најмоќните компјутери во светот, а со него управува споменатиот Универзитет и Инситутот „Хелмхолтз“ кој што исто така се наоѓа во Мајнц.

Нивното истражување, било објавено на интернет страницата на СЗО, а во него научниците опишуваат како го симулирале начинот на кој околу 42.000 различни супстанци наведени во отворените бази на податоци, се поврзуваат со одредени протеини од ворусот SARS-CoV-2 и спречуваат пенетрација на вирусот во човечкото тело и негово размножување.

„Оваа метода на компјутерска симулација е позната како молекуларно согласување и како таква се користи повеќе години. Многу е побрза и поевтина од експериментирањето во лабораторија“ – истакнал Томас Ефертх, автор на истражувањето и професот на Институтот за фармација и биомедицински науки во наведениот Универзитет во Мајнц.

„Колку што нам ни е познато, ние сме први кои искористивме молекуларно согласување на SARS-CoV-2. Фантастична е веста дека пронајдовме повеќе одобрени лекови за хепатитис Ц како ветувачки кандидати за лечење на Ковид-19“ – додава Ефертх.

Користејќи го суперкомпјутерот, тимот научници направил над 10 милијарди поединечни истражувања внатре, во рок од два месеци и открил дека спојувањето на четири лекови за хепатитис Ц, симепревирпаритапревиргразопревир и велпатасвир, имаат склоност силно да се поврзат со вирусот SARS-CoV-2 и на тој начин да спречат инфекција.

„Во прилог оди и фактот што SARS-CoV-2 и хепатитис Ц се вируси од ист вид, односно таканаречени RNK вируси“ – појаснил Ефертх.