Светската влада во сенка повторно заседава: Во Швајцарија почнал состанокот на моќната група, 130 лидери одлучуваат за судбината на планетата

835

Во луксузниот хотелски комплекс во Ментреу во Швајцарија, вчера почна четиридневен состанок зад затворени врати на веројатно најконтроверзната тајна организација на светот – Билдербершката група.

Иако на состанокот биле повикани 130 елитни политички лидери и високи претставници на индустријата, финансиите, академиите и медиумите, во ниеден медиум не може да се прочита извештај од конференцијата, бидејќи на новинарите им е забранет пристап.

BBC на српски, поради тоа, го поставува прашањето дали Билдербершката група навистина е можност за членовите на светската елита да зборуваат на само на отворен или опуштен начин, или тоа, како што тврдат нејзините најголеми критичари, е затворен круг кој сака да ја поткопа глобалната демократија.

Во тој контекст, се потсетува дека теоретичарите на заговори ја обвинуваат Билдербершката група за разни работи – од тенденциозно предизвикување на финансиска криза до планирање на убиства на 80 проценти од светската популарција. Се истакнува дека меѓу овогодишните учесници од САД е и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеред Кушнер, извршниот директор на Мајкрософт Сатиј Надел, поранешниот претседател на Гугл Ерик Шмит, милијардерот и основач на ПејПал Питер Тил и поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер.

Гостите од другите земји се подеднакво познати, нагласува “BBC” и додава дека не се покануваат само оние од врвот на социјалната листа, туку и оние кои се искачуваат кон него. Првиот состанок на групата бил одржан во 1954-та година, со цел да се зацврстат врските меѓу Америка и Европа и да се спречи нов глобален судир по Втората светска војна.

“Нејзините методи на работа секогаш биле таинствени. Не се канат новинари, не се праќаат соопштенија по состанокот, а организацијата се одржува на едноставна интернет страница која изгледа како да е дизајнирана во 90-тите”, укажува BBC. Но, како што се наведува, и покрај тоа што изгледа како Билдербершката група да се заснова на приватен клуб од негативци од Бонд филмовите, мејнстрим коментаторите тврдат дека таа е помалку злобна од тоа што изгледа.

Следбениците на Билдербершката група велат дека нејзината таинственост им овозможува на луѓето отворено да ја кажуваат вистината едни на други, а да не мора да се грижат за тоа какво одек ќе има тоа што го кажат или како ќе биде пренесено од медиумите.

Дејвид Аронович, колумнист на “Times” од Велика Британија, смета дека стравот од Билдерберг е смешен. “Тоа е всушност само повремен клуб за вечера на богатите и моќните”, рекол тој. Но, истакнува BBC, тоа не значи дека групата не поседува моќ. Теоретичарите на заговор можеби премногу се возбудуваат кога зборуваат за неа, но во суштина се во право, смета еден од авторите на книгата “Билдербершки луѓе”, професорот Ендру Какабадсе.

Групата, како што наведува, поседува вистинска моќ, која далеку го надминува Светскиот економски форум, кој се состанува во Давос. А без транспарентност, оценува, лесно е да види зошто луѓето се загрижени за нејзиното влијание. “Многу е попаметна од заговорите. Тоа е обликување на начинот на кој луѓето размислуваат така што изгледа како да не постои алтернатива за тоа што се случува”, вели Какабадсе.

Темата на Билдерберг е, како што додава, да се поттикне консензус околу слободниот западен пазарен капитализам и неговите интереси ширум планетата. “Дали тоа води кон идеја за владеење со светот. На некој начин, да. Постојат многу силни иницијативи дека со светот управува една влада обликувана според слободниот западен пазарен капитализам”, тврди Какабадсе.

Целта на групата е да ја собере политичката елита од левицата и десницата и да ги остави да се дружат во опуштено, луксузно окружение со деловни лидери, заклучува BBC на српски.