Македонската пејачка Сузана Спасовска стана баба за првпат.
Имено, се породи нејзината ќерка Теона и на свет донесе девојче за кое го одбра името Клара.
Ново печената мајка на својот „Фејсбук“ објави дека 30 септември е најсреќниот ден во нејзиниот живот.
„Денес, на овој убав празник се роди нашата принцеза Клара. Биди ни жива и здрава, те сакаат мама и тато Viktor Vic Velkovski бескрајно“, напиша Теона.
ФОТО: ФЕЈСБУК
Среќната и радосната баба се огласи на својот „Фејсбук“ пишувајќи:
Дар Божји за родителите и радост голема! На 30ти Септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, среќна, насмеана, распеана и од Бога благословена. Ти благодарам Боже!
Сузе за ммс.мк вели дека вечерта (30.09.2020) кога се пораѓала Тона не можела да спие од стрес, но и од среќа.
„Прво, нормално бев под стрес додека да се роди, да помине се како што треба, а потоа не можев од возбуда, од едно чувство на среќа кое не се опишува. Седев дома и чекав да ми се јават кога ќе се роди бебето. Прво плачев од неизвеснот, а кгоа ми се јавија дека Клара се родила и дека се во ред, уште повеќе продолжив да плачам од среќа. Какви емоции се тоа, не се опишува“ вели пејачката за ммс.мк
ФОТО: ФЕЈСБУК
Потсетуваме, претходната година во октомври Теона заплива во брачните води со Виктор Велковски, а на свадбата највесела беше нејзината мајка.
Честитки, да е жива и здрава ќерката, внуката!









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











