Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, денеска треба да се појави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.
Тој треба да даде исказ во врска со предметот „Попис“, потврдиле од ОЈО за „МИА“.
Инаку, истрагата за предметот „Попис“ ја отвори поранешно СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО, за организиран криминал и корупција.
Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011-та година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Според СЈО, со стопирањето на тогашниот попис на населението од страна на тогашниот премиер Никола Груевски, кој што моментално е во бегство и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на буџетот во висина од 2.8 милиони евра.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















