Нанет Хамонд позната и како “човечката Барбика”, по повод својот 46-ти роденден, ги почестила своите Инстаграм следбеници со фотографија која предизвикала лавина коментари.
За роденден, таа се одлучила да се соблече гола, а телото го прекрила само со боја.
Во желбата да изгледа како вистинска Барби кукла, досега потрошила повеќе од половина милион долари поради што никој не верува дека таа е во петтата деценија.
“Вредеше за секој цент. Сакам грациозно да стареам и понатаму ќе изгледам како Барбика сè додека не навршам 70 години и повеќе”, била искрена Нанет.
“Изгледаш како да имаш 25 години”, “Најсекси роденден некогаш”, “Невозможно е да имаш толку години”, се само некои од коментарите на обожавателите кои се воодушевени со нејзиниот изглед на прагот на педесеттите.
Првата операција ја направила на 21 година, а оттогаш три пати ги оперирала градите, ги зголемила усните и ставила ботокс и силикони.
Нанет е позната и од претходно по споделување на фотографии од своето бомбастично тело на Инстаграм.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















