Почетна Забава Сузана Гавазова за љубовна романтика, има нова – „Тактика“ (ВИДЕО)

Сузана Гавазова за љубовна романтика, има нова – „Тактика“ (ВИДЕО)

53

Атрактивната македонска фолкерка Сузана Гавазова  која се врати од Шведска и сега на подолго остана да живее во Македонија, покрај бројните настапи летово, најде малку време и за уживање на плажа, ама и да влезе во студио, да сними нова песна, а потоа и видеоспот за истата.

Сексапилната струмичанка всушност има нова „Тактика“ – како што е насловот на песната, за љубовна романтика, како што се говори во стиховите од истата.

Композитор на „Тактика“е Касо од нејзината придружна група „Газоза бенд“, кој го направил и аранжманот на песната, додека стиховите ги напишал стариот познаник, текстописецот  Орце Зафировски.

Едноставниот видеозапис од сценски настап на Гавазова и „Газоза бенд“ кој ја визуелизира песната го направил уметничкиот фотографи режисер на видеоспотови Дарио „Генерал“ Јанковиќ.

За изгледот ( шминка и фризура) на разиграната Гавазова во видеото се погрижила Александра Бенет од студиото за убавина „Лотус“.

Во продолжение погледнете и слушнете каква тоа нова „Тактика“ за љубовна романтика ова лето подготвила Гавазова.

loading...