Суецкиот канал е деблокиран, но бродот е сè уште таму: “Останува додека не исплатат милијарда долари”

96

Компанијата “Ever Green”, чиј брод “Ever Given” се заглавил во Суецкиот Канал и предизвикал блокада во пловидбата, ќе мора да плати огромна отштета.

Се проценува дека блокадата на Суецкиот канал секој ден спречувала минување на товар вреден 9,8 милијарди долари.

По неколку обиди и речиси седум дена по заглавувањето, бродот бил поместен и пловењето се вратило во нормала, но “Ever Given” уште не излегол од каналот. Египетските власти го задржуваат бродот во каналот се додека сопствениците не прифатат да исплатат милијарда долари отштета.

“Бродот ќе остане тука до завршувањето на истрагата и исплатата на оштетата. Се надеваме на брз договор”, изјавил генералот Осама Рабие.

Отштетата треба да ги покрие трошоците за користење на опремата за помош со која бродот бил поместен, за плаќањето на работната сила, како и за штетата направена на каналот. Египетските власти исто така отвориле истрага за причината на инцидентот.

Бродот бил поместен благодарение на плимата, но и на работата на багерите, реморкерите и друга машинерија.