СТРУЧЕН КОМЕНТАР – ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ: ОВАА МАКЕДОНИЈА Е КАДАРНА ДА ОДИ НА ЕП!

52

Екс – селекторот Ѓоре Јовановски и еден од нашите најтрофејни тренери специјално за СПОРТМЕДИА по мечот истакна…

„Сосема заслужена победа, најважно е што ја пробивме таа психолошка бариера освојувајќи го тоа трето место во групата. Кој сака нека каже, но пред фактите и боговите молчат. А факт е дека ова се нашите најдобри и најуспешни квалификации. Затоа честитки за сите во нашата репрезентација за овој голем успех што го постигнаа. Сега со овој мотив, со ова атмосфера одиме на Косово. За нас тој март ќе биде нашата шанса за пласман на едно големо натпреварување.

Од утре ќе треба да почнат подготовките за тој меч, од утре треба да се подготвуваме за тој дуел против силниот состав на Косово. Играме дома, тоа мора да се искористи. Јас верувам во овој состав кој во март ќе биде уште посилен со враќањето на неколку клучни играчи. Оваа Македонија е кадарна да оди на ЕП. Што се однесува стриктно за вечерашниот меч, мислам дека пресуди големата желба и мотив за победа на нашата репрезентација.

Ние не само што доминиравме во текот на целиот меч, ние не му дадовме на Израел што се вели да дише, во текот на сите 90. минути постојано ги напаѓавме со пресинг. Само така се победува една репрезентација како Израел. Уште еднаш честитки на сите во репрезентацијата и им посакувам да не радуваат и натаму со победи и добри резултати“.