Почетна Свет Стриптизетите се снаоѓаат : По затворањето на клубовите поради пандемијата , доставуваат...

Стриптизетите се снаоѓаат : По затворањето на клубовите поради пандемијата , доставуваат храна (ВИДЕО)

167

Иновативна група танчерки од стриптиз клубови во САД започнаа со услуга за испорака на храна откако нивниот клуб бил затворен заради коронавирусот.

Како и другите ресторани и барови низ САД, Lucky Devil Lounge во Портланд, Орегон, немал друг избор освен да ги затвори своите врати во обид да се помогне да се запре ширењето на коронавирусот.

Меѓутоа, гувернерот на Орегон, Кејт Браун, сепак дозволи да работат објектите за производство и испорака на храна Така, се роди Boober Eats PDX, услуга за домашна испорака различна од сите други.

Од 7 часот наутро до 1 часот по полноќ, клиентите можат да нарачаат сè што сакаат, од омилените јадења вклучително и стек, пилешки прсти и мини пици. Цените на испорака генерално се околу 30 американски долари, но тоа  варира во зависност од тоа колку далеку живее потрошувачот.

Оброците ги доставуваат по две стриптизети; и двете носат униформа што дефинитивно не би поминала добро кај другите доставувачи.