БЕЗ ПАНИКА, ВЕРОЈАТНO СИТЕ ЌЕ ФАТИМЕ КОРОНАВИРУС

1294

Коронавирусот лесно се пренесува. И не е претерано смртоносен. Релативно мал дел од заразените ќе умрат. Коронавирусот значи е прилично сличен на грипот. Токму заради тоа, голема е веројатноста дека ќе се пренесе насекаде низ светот, и ќе стане уште една сезонска болест. Во иднина на зима ќе се пазиме да не фатиме настинка, грип или COVID-19.

Во мај, 1997 година, тригодишно дете добива симптоми како настинка. Бидејќи болното грло, кашлањето и температурата не поминале 6 дена, било однесено во болницата на Кралица Елизабета во Хонг Конг. Тука состојбата се влошила, кашлицата станала екстремна, малиот не можел да дојде до воздух. Наспроти интензивната нега, малиот ја губи битката.

Затечени од ваквиот епилог, лекарите праќаат негова плунка во надлежна институција на кинеското државно здравство. Стандардните тест протоколи не успеваат целосно да го идентификуваат вирусот кој довел до најлошиот епилог. Главниот виролог решава да испрати примероци на свои колеги во неколку други земји.

Во американскиот центар за заразни болести во Атланта, примерокот останува цел месец, чекајќи го бавниот процес на спарување со анти-тела. Конечните резултати потврдуваат дека се работи за варијанта на инфлуенца, вирусот кој има убиено најмногу луѓе во историјата. Но, ваков тип дотогаш не е најден кај луѓе. Се работи за H5N1, односно птичји грип.

Доаѓа август и по цел свет почнуваат да се шират алармантни вести. Кинеските власти убиваат 1,5 милиони кокошки. Следните случаи одблиску се мониторираат а до крајот на годината има 18 заразени од кои шестмина умираат.

Тоа се сметаше за успешен глобален одговор на проблемот а вирусот подоцна не беше виден со години. Дел од причините што тој беше лесен за локализирање беше неговата жестокост. H5N1 имаше ниво на смртност од 60%. Па сепак, од 2003 тој убива само 455 луѓе. Многу поумерените вируси на грип, имаат 0,1% смртност а сепак се одговорни за стотици илјади смртни случаи годишно (меѓу 300 и 600 илјади).

Жестоките болести предизвикани опд вируси како H5N1 исто така значат дека заболените можат брзо да бидат идентификувани и изолирани, или пак брзо да умрат. Таквите не одат наоколу (пошто само малку не им е арно па се бутка некако), за да го шират вирусот на други луѓе. Новиот коронавирус (технички познат како SARS-CoV-2) кој сега се шири по светот може да предизвика сериозни респираторни проблеми, но болеста (позната како COVID-19) засега има рата на смртност помала од 2 процента.

Со други зборови, овој вирус го запали алармот не наспроти ниската смртност туку токму поради неа.

Коронавирусите се слични на вирусите на инфлуенца бидејќи и двата вида имаат по една лента РНК. Постојат четири типови коронавируси кои ги напаѓаат и ги разболуваат луѓето. Се верува дека овие вируси имаат еволуирано да го максимизираат својот опсег на ширење – тоа значи да ги разболат луѓето ама да не ги убиваат. За контраст, претходните две епидеемии на нови коронавируси – САРС (severe acute respiratory syndrome) и МЕРС (Middle East respiratory syndrome) – беа собрани од животни и беа високосмртносни за луѓето. Да беа поблаги, побрзо ќе се ширеа. Во финалната сметка, САРС и МЕРС убија помалку од 1.000 луѓе. Новиот COVID-19 iвеќе има убиено двојно повеќе од тоа. Главниот проблем со него не е смртноста туку доцното покажување симптоми и разболувањето кое не оди по предвидливи шеми. На пример, во оној крузер позитивно беа тестирани 14 Американци кои немаа никаков здравствен проблем ниту симптом на болест.

Професор на Харвард признава дека веројатно не постои начин новиот коронавирус да биде задржан. Кинезите во различни степени на изолација држат регион со 100 милиони луѓе а светот успеа да се мобилизира за еден дел од времето кое беше потребно H5N1 само да се идентификува. Па сепак веќе го има во 24 држави. Истиот епидемиолог од Харвард, Марк Липсич, проценува дека наредните неколку години, меѓу 40 и 70 проценти од луѓето ќе го закачат вирусот кој предизвикува Ковид-19.

Многумина ќе се разболат. Мал процент од нив ќе умрат. Другите ќе навикнат.