Страсти на луксузната јахта: Познатиот фудбалер и неговата згодна вереница не можеле да ги тргнат рацете еден од друг

616

Фудбалерот Кингсли Коман и неговата вереница Сабрина Дувад уживаат на одмор, а папараците успеале да ги уловат додека разменувале нежности.

Папараците го уловиле Кингсли Коман во моментот додека се опуштал со својата поубава половина.

Играчот на германски Баерн Минхен и француската репрезентација, моментално одмора во Сардинија на луксузна јахта, а таму не може да ги отргне рацете од својата сексапилна вереница.

Парот непрекинто се бакнувал и прегрнувал и со задоволство покажувале колку се заљубени.

Инаку, за Кингсли и Сабрина ова лето засекогаш ќе остане во сеќавање, со оглед на тоа што се верија во Грција.

Фудбалерот клучното прашање го поставил во текот на нивното патување, па се потрудил тој момент да биде повеќе од прекрасен.

Фотографии од запросувањето објавила Сабрина на својот Инстаграм профил.

Инаку, тие иако во минатото имале некои проблеми во својата врска, па дури и завршиле на суд, очигледно дека сè што било лошо оставиле зад себе и се одлучиле на овој нивен чекор.