Црна Гора во текот на вчерашниот ден ја зафатило невреме и силен дожд што предизвикало многу проблеми, посебно на учесниците во сообраќајот затоа што поголемиот дел од улиците биле поплавени додека пак во некои делови од државата имало и одрони.
Сообраќајот бил многу спор и слаб за видливост поради силниот дожд.
Поплавени биле улици во Подгорица, додека пак најголемо ниво на вода имало во наелбата Маслине.
Обилниот дожд направил проблеми на патот Подгорица-Цетиње каде што дошло до одрон поради што на тој дел од патот сообраќајот се одвивал само на една лента.
Наспроти невремето, силниот ветер и црвениот метеоаларм, многу од капачите не се откажувале туку им се спротиставувале на огромните бранови.
Иако било поставено црвено знаме за предупредување тие сепак скокале во морето во високите бранови.
За неполн час службениците од Управата на крајбрежната сигурност и граничната полиција од морето спасиле седум луѓе.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























