Стигнаа 40.000„Спутник В“ вакцини донација од Србија

556

Денеска пристигнатите вакцини во Македонија се донација од Србија. Станува збор за 20 илјади „Спутник В“ вакцини, соопшти премиерот Зоран Заев. Потоа ќе следуваат уште 20 илјади за ревакцинација, односно овие вакцини ќе бидат доволни за вакцинирање на 20 илјади лица.

„Чест ми е да објавам дека пристигна втора донација, се работи 2 пати по 20 илјади СПУТНИК вакцини од пријателска Србија, за да продолжи континуитетот на масовна вакциницаји. Србија претходно ни помогна со 8 илјади Фајзер, за да можеме да ги вакцинираме нашите херои.

Сега масивната вакцинација почна со 32 илјади Астра Зенека, за да не прекине, овие два пати по 20 илјади се драгоцени, за да може, додека стигнат нашите нарачки, договорите со Кина, од Фајзер, од КОВАКС, овие 20 илјади кои се првата квота, па потоа следува и втората, за да го продолжиме процесот на вакцинација во континуитет. Тоа знаат сите граѓани колку е важно.

Голема благодарност до братски народ на Србија, кој со нас сподели огромна количина. Благодарност до Вучиќ и до премиерката Брнабиќ. Ова е огромен чин на пријателство, и ние ќе го почитуваме, и никогаш нема да го заборавиме. Пријателите си помагаат кога е најтешко, и затоа изразуваме почит кон цела Србија.

Значајно е тоа што мојата должност и обврска, да испратам порака, да влезат во системот на масовна вакцинација. Јас како претседател се пријавив во онлајн механизмот, апелирам до граѓаните да се пријават да им олеснат на службите.“, рече Заев.