Експертите тврдат дека е мал ризикот вакцинирани лица против Ковид-19 да го шират вирусот.
Студиите покажуваат дека ако луѓето се заразат и покрај вакцинацијата, тие носат помалку Ковид-19 во носот отколку невакцинираните, со што е отежнато ширењето на вирусот.
– Вакцинираната личност подобро го контролира вирусот, така што шансите за пренесување ќе бидат многу намалени, изјави експертот за вируси на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд, д-р Роберт Гало.
Експертите препорачуваат и вакцинираните лица треба да продолжат да носат маски, да одржуваат социјална дистанца на јавни места и при посета на невакцинирани лица.
– Сè уште треба да бидеме внимателни. Вакцината е неопходна. Но, таа не е лек што утре ќе стави крај на епидемијата, посочи д-р Гало.
И други фактори, исто така, можат да влијаат на веројатноста вакцинирана личност да го шири вирусот, вклучително и стапките на вакцинација во заедницата и дали има постојан раст на новозаболени во средината.
– Ние сакаме да мислиме дека е сè или ништо, но тоа е многу специфично за секоја ситуација, истакна д-р Лараин Лин Вашер од Универзитетот во Мичиген.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












