Српски медиуми: Пуштија утрото 50 возила на Евзони но потоа ја спуштија рампата. Одобрувањето треба да пристигне од полноќ до 7 наутро

549

Според српските медиуми грчките граничари утрово пуштиле околу 50 возила, а потоа одеднаш го затвориле преминот Евзони, за сите кои немаат грчки пасош. Се создадоа големи гужви, а има туристи со српски, македонски и бугарски таблички.

„Се почна добро во 6.15 часот кога грците дозволија околу 50 возила со различни таблички, бугарски, српски, ЕУ или македонски, да влезат на територијата на Грција, а потоа колоната буквално беше пресечена. Почна пасошката контрола и сега на Евзони се создаде колона, има неколку возила со автомобили со српски таблички, тука се и возилата од Северна Македонија и Бугарија“, јави репортерот на ТВ Прва, Братислав Илиќ.

За оние без грчки пасош засега е неизвесна судбината, а се чека одобрение од Атина кое најверојатно ќе стигне на полноќ или утре сабајле.

„Грчката полиција не дозволува, ни рекоа дека се уште немале одобрение од Атина да ги пуштат оние кои немале грчки пасош. Она што е најлошо, не знаат ниту они кога тоа одобрение ќе стаса, шефот на смената процени дека вечерва на полноќ или утре во седум часот наутро. За многу прашања и одговори сме ускратени, преминот навистина е отворен, ама само за оние кои имаат грчки пасош“, додаде тој.