Филипче: Се уште ќе се носат заштитни маски на отворено, за жива музика и организирање свадби ќе се разгледува во понеделник

188

На денешната прес конференција во изјава за медиуми, министерот за здравство изјави дека смета дека се уште е рано да не се носат маски на отворено.

Тој истакна дека уште најмалце една недела е потребно време за да се одлучи за понатамошно олабавување на мерките, односно наредниот понеделник кога ќе се направи пресекот на две недели.

Тој исто така истакна дека во понеделник, Комисијата за заразни болести ќе ги разгледува барањата на угостителите кои денеска беа доставени до Министерството за здравство. Имено, независната угостителска комора бара да се дозволи да работат и затворените делови на кафеаните и кафулињата, на една маса да может да седат и над шест лица, да има жива музика и да се дозволи организирање свадби, прослави и веселби под одредени протоколи.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека постојните мерки треба да бидат на сила најмалку уште една недела, но барањата на угостителите ќе се разгледаат.

„Сите барања ќе ги разгледаме в понеделник кога ќе се прави пресек за епидемиолошката слика за изминативе две недели. Се покажа дека олабавените мерки не доведоа до влошување на состојбата, но сепак сметам дека уште најмалку една недела треба да останат мерките кои сега се на сила“, рече Филипче.