Двајца параглајдеристи од Украина, машко и женско, вчера попладне паднале на планината Галичица од Албанска страна.
МВР се понудило да испрати хеликоптер со цел побрза акција за спасување.
За кратко време, екипа на специјалната полиција заедно со еден наш хеликоптер, успеале да ги извлечат параглајдеристите живи и да ги пренесат во Охридската болница Св. Еразмо.
Повеќе детали за овој настан се очекуваат во текот на денешниот ден.