Сред бел ден ограбена е експозитуратa на НЛБ Банка во Сарај, крадците завршиле работа и избегале

1474

Вооружена група изутрината ка ограбила експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај. Нема повредени лица. Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета.

Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите.

– Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, соопштија од НЛБ Банка АД Скопје.

Средствата на клиентите се сигурни бидејќи, стои во соопштението, банката има осигурување на целиот свој имот и средства.