Наскоро ќе дознаеме нешто „многу возбудливо“: Египет најави откритие на годината

262

Египетското Министерство за туризам и антиквитети денеска најави дека го имаат откритието на годината кое опфаќа вкупно 100 насликани саркофази кои се во добра состојба и не се отворени илјада години.

Археолозите кои ја ископувале некрополата Сакара во близина на Каиро велат дека во наредните денови, на конференција за медиумите ќе споделат нешто „многу возбудливо“.

Кон почетокот на октомври, археолозите пронашле 59 ковчези стари околу 2600 години, заедно со дрвени статуи и златни маски. На поголемиот дел од ковчезите се насликани човечки ликови.