Специјалците на српското МВР на готовс: Сирени се огласија во северниот дел од Косовска Митровица, упадна косовска полиција

2139

Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата, јави Танјуг.

Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – Роса на север во Косово.

Единиците Роса упаднаа утрово со оружје на север во Косово.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, рече дека косовските специјални единици, со оружје упаднале на север во Косово „со цел да заплашат и предизвикаат паника со апсења што претходните денови ги најави претседателот Александар Вучиќ“.

Ѓуриќ додаде во изјават за РТС, дека биле регистрирани и истрели од огнено оружје и дека има информации за апсења.