Трикратниот убиец Горан се криел на напуштен брод, го открил вклучениот телевизор

428

Трикратниот убиец Горан Јанковиќ, кој беше уапсен вчера три дена по грозоморното зосторство, се криел на напуштен брод на Дунав, јавуваат медиумите во Србија.

Според нив, полицијата вчера околу 23 часот добила дојава од граѓанка дека убиецот е на брод во близина на островот на рибарите, по што веднаш изегле на терен.

Истрагата се интензивирала утрово, откако била добиена потврда од сопственикот на бродот дека тој не е таму, иако од бродот доаѓало светло од уклучен телевизор што го издало убиецот. По добиената потврда полицијата влегла на бродот и го уапсила Јанковиќ.

Како што е претходно познато, тој со токмак ги убил својата сопруга и нејзините мајка и татко пред очите на нивните две деца.