Тензично на Косово: Се апсат Срби кои се припадници на косовската полиција (ВИДЕО)

1248

Тројца Срби, припадници на косовската полиција, се уапсени во акција на косовските специјални единици Роса, јави Танјуг. Акцијата била извршена во неколку општини на север во Косово.

Други белградски медиуми јавија дека досега се уапсени шест српски припадници на косовската полиција – тројца од Косовска Митровица, двајца во Звечан и еден од Зубин Поток.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата. Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – Роса на север во Косово.

Единиците Роса упаднаа утрово со оружје на север во Косово.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ рече дека косовските специјални единици, со оружје упаднале на север во Косово „со цел да заплашат и предизвикаат паника со апсења што претходните денови ги најави претседателот Александар Вучиќ“. Ѓуриќ додаде во изјават за РТС, дека биле регистрирани и истрели од огнено оружје и дека има информации за апсења.