СП Русија: Манчестер сити и Реал со најмногу претставници

774

За настап на 21.Светско првенство се пријавени 736 фудбалери. Една третина од нив играат во Англија и Шпанија, а најмногу свои претставници на мундијалот имаат шампионите на Англија и Европа, Манчестер сити и Реал Мадрид.

Во Англија фудбалскиот леб го заработуваат 130 играчи, а 107 од нив не се Англичани. Во Шпанија настапува 81 фудбалер, а 64.не се Шпанци.

Од државите што не изборија пласман на мундијалот најмногу фудбалери играат во Италија (58) и Турција (22).

Најмногу свои претставници во Русија ќе има Манчестер сити (16), а потоа следува Реал (15). Зад нив се Барселона (14), Челси (12), Тотенхем (12), ПСЖ (12), Баерн (11), Јувентус (11), Манчестер јунајтед (11)…

Сите англиски репрезентативци играат во Англија, додека само двајца руси настапуваат надвор од својата земја.

Ниту еден репрезентативец на Сенегал и Шведска не настапува во во својата држава, а само по еден играч од домашните првенства имаат Белгија, Исланд, Нигерија и Швајцарија.

Од пријавните 736 фудбалери, 200 веќе имаат учество на светско првенство.