Сопругата на Михаел Шумахер првпат проговори за неговата состојба: “Поразличен е, но тука е”

53

Корина Шумахер открила како изгледа сега животот на легендата на Формула 1.

Сопругата на Михаел, Корина, првпат проговорила за неговите тешки повреди со кои се здобил на скијањето.

Исто така таа открила дека легендата на формула 1 тој кобен ден се колебал дали воопшто да скија поради расплетот на настани и размислувал за напуштање на Алпите во замена за потоплите краеви, односно патување во Дубаи.

Неговото однесување драстично се сменило

Денес, признава неговата сопруга, Шумахер повеќе не е истиот и ѝ недостасува неговата стара верзија поради тоа што неговото однесување драстично се сменило по несреќата. „Ми недостасува Михаел секој ден“, изјавила таа во документарецот.

„Сè уште е со мене, поразличен е, но тука е. Сè уште секојдневно ми покажува колку ментално е јак“.

Корина сè уште не може да верува каква несреќа им приредил животот поради тоа што кариерата на Михаел во еден од најопасните спортови на Земјата поминала со ниту една гребнатинка, а сепак заврши во таква здравствена состојба во каква што е моментално.

„Ги поминавме сите негови трки без повреди, затоа бев убедена дека има неколку ангели чувари кои внимаваат на него. Не знам дали тоа беше само одбранбен механизам или наивност, но едноставно никогаш не ми падна на памет дека може такво нешто да му се случи на Михаел“.

 Го продолжуваме животот, но приватноста е најважна

„Никогаш не го обвинував Бог поради сето ова затоа што несреќи им се случуваат на сите. Тоа беше лоша среќа, цела лоша среќа која било кој во животот можеби некогаш би ја искусил.

Се обидуваме да продолжиме со животот како семејство, на начинот на кој Михаел сакаше да биде и кој сè уште го сака. Живееме заедно во нашата куќа, одиме на терапии, правиме сè што можеме за животот на Михаел да го направиме подобар и да му биде уште попријатно.

Приватноста е најважна, тоа што се случува во нашиот дом, останува дома. Важно ми е да продолжи да се почитува неговата приватност и да уживаме во неа колку што можеме. Михаел секогаш нè штитеше нас, а сега ние внимаваме на него“, заклучила Корина.