Сојузот на стопански комори на Македонија е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата.
-Ова барање за зголемување кое до Владата го предложила Стопанската комора, ќе предизвика дополнително оптоварување на домаќинствата, земјоделците, ќе ги зголеми цените на транспортот, како и цената на голем број производи и услуги. Мерка која е во корист на две-три фирми, а на товар на претприемачите и граѓаните и тоа во време на криза, не е добредојдена. Овој чекор може да нанесе штета на малите и средни компании од сите сектори, а со тоа и на над 99 проценти од регистрираните субјекти во приватниот сектор и на граѓаните кои очекуваат мерки за помош, а не покачување на трошоците, соопшти денеска Сојузот на стопански комори.
Малите и средни претпријатија, укажуваат, се 99,8 проценти од сите регистрирани во земјата, од сите сектори, земјоделство, трговија, угостителство, услуги, ИКТ, мали индустриски капацитети без кои не само економијата, туку и целото општество нема да функционира и треба да им се помогне, а не да се смислуваат нови начини во кризава да им се зголемуваат трошоците..
Според ССК, излезот од кризата не лежи во зголемување на акцизите, а преку тоа и на цените заради полнење на буџетот, туку во обезбедување на институционална финансиска инјекција кон приватниот сектор и граѓаните. Со предложените мерки, со сегашната ситуација се најави дека во просек во државниот Буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства околу 4 милиони евра, односно близу 50 милиони евра на годишно ниво. (МИА)








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












