Не е шега – сопствениците на автомобили најмногу му веруваат на Alfa Romeo

742

AMCI (Truster Automotive Brand Study) анализирал во кои автомобилски брендови купувачите имаат најголема доверба.

Студијата на AMCI покажала дека традиционалниот фокус на произведувачите кон квалитетот, задоволството и елиминацијата на проблеми има мала врска со довербата на клиентите во одредена марка.

Напротив, студијата покажува дека автомобилските марки треба да се насочат кон три основни начела – компетенција, интегритет и емпатија.

Во тоа најдобро се снаоѓа Alfa Romeo, бренд за кој владее уверувањето дека постојано има проблеми со неговите автомобили. Италијанскиот премиум произведувач освоил 51 од 100 бодови и со тоа станал луксузна марка на која најмногу ѝ се верува.

“За тоа е најзаслужен новиот деловен модел на компанијата кој на корисникот му дава можност за контрола над неговите работи од интерес”, објаснува Иан Бејвис од AMCI.

Alfa Romeo зад себе ги остави популарните Porsche, Audi, Mercedes-Benz, Volvo, Jaguar и BMW. За утеха на конкуренцијата е тоа што повеќето луксузни брендови напредувале, а единствените кои паднале на листата се Tesla, BMW и Infiniti.

Од друга страна, во конкуренцијата на брендови за пошироката маса, најдобра оцена добила јапонската Honda пред сè поради грижата за клиентите во текот на скандалот со неисправните воздушни перничиња.

Најголем позитивен скок остварила Mazda, a по неа следува Hyundai – и двете марки вовеле нови програми за поддршка на клиенти.

AMCI ја спровела својата студија на околу 2500 сопственици на автомобили од 34 различни брендови. Со студијата биле опфатени само оние сопственици кои ѝ биле верни на истата марка барем пет години.