Социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за “погрешната” национална химна: “Химната се учи во прво одделение”

390

На завчерашната прослава на Денот на независноста на САД, која се одржа во Американската амбасада во Скопје, се случи пропуст со македонската национална химна.

Пејачката Тамара Тодевска ја отпеа химната без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои, а по ваквиот инцидент, таа се извини на својот Фејсбук профил, објаснувајќи дека била понесена од емоциите и целокупната еуфорија. Подоцна, премиерот Зоран Заев потврди дека станува збор за ненамерна грешка.

Но, социјалните мрежи не престануваат да пишуваат дека ваквото непочитување на државните симболи претставува национален срам, а некои дури и бараат кривична одговорност на пејачката.

Еве само дел од реакциите на македонската јавност кои се појавија на Твитер: