Програмерка од Македонија укажува дека системот за попишување има големи слабости и дека секој кој ќе инсталира VPN, а како што таа објави на Фејсбук во групата на Сојузен комитет на програмери на Македонија, тоа се прави бесплатно, тогаш, може секој граѓанин да се попише како да е во друга држава, односно во странство.
Јас која живеам во Македонија успеав да се само-попишам користејќи VPN. Интернет страницата не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања.Самопопишувањето не е само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во периодот нема да биде во Македонија, итака јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед. Го оставив мојот македонски број и без никаков проблем бев регистрирана и го пополнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а причина за престој имаше повеќе опции, од кои последната беше „друго“. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнував адресата во Македонија, задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан, наведува во постот програмерката во Фејсбук групата Сојузен комитет на програмери на Македонија.
Дали сега кога го имаат мојот матичен број, но не и комплетната адреса ќе бидам исклучена од физичкиот попис, да ме прескокнат, т.е. да не се бројам двапати, еднаш дигитално и еднаш на прашалниците кои претпоставувам испечатени на хартија ќе ги носат луѓето што ќе не попишуваат, завршува таа.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



