Социјалните мрежи ‘на нозе’: Петиција за Васил Гарванлиев да не нè претставува на Евросонг

629

По низата скандали, јавноста гласно бара од МРТВ да го повлече учеството на Васил Гарванлиев од овогодишното издание на Евросонг, а досега има активни најмалку две петиции.

Организаторите и потписниците на петициите се согласни дека претставникот треба да биде променет, но и да се размисли дали навистина сакаме да учествуваме како држава на овој фестивал.

Инаку, јавноста најпрво реагираше на сцената со делото „Триптих“ на авторката Жанета Вангели, каде боите се распоредени како на бугарското знаме, а потоа и на јавното признание дека Гарванлиев има и бугарско државјанство.

Гарванлиев во видео кое викендов кружеше на социјалните мрежи, откри дека освен македонски има и бугарски пасош, бидејќи баба му била по потекло од Бугарија и имал далечни роднини таму. За себе тој вели дека е роден во Струмица, која наводно се наоѓала од „другата страна на земјата“.

Сето ова се случува во исклучително чувствителен период за билатералните односи меѓу Македонија и соседната земја, а многумина сметаат дека во овој момент навистина не нѝ треба претставник кој покрај Македонец, се декларира и како Бугарин.

Гарванлиев по низата скандали кои ја кренаа јавноста на нозе, преку видео ѝ се обрати на нацијата, а истото го сподели на Фејсбук.