Денеска во Куманово се формира Алијанса на македонските Бугари – движење за национално единство и спас (АМБ-ДНЕС). Целта на ова граѓанско здружение е „македонските Бугари да се впишат како конститутивен народ на Република С. Македонија“.
Во соопштението потпишано од претседателот на АМБ-ДНЕС Драган Цветковски се вели дека е „време да се спроведе попис на населението, со што би покажале дека македонските Бугари се релевантен фактор за стабилноста и сигурноста на државата.
Оттаму велат оти македонските Бугари се народ кој веќе е признаен и препознаен во Европската Унија и како такви македонските Бугари ќе бидат дел од македонската европска администрација, каде ќе покажат и докажат дека Република Македонија може и треба да стане дел од семејството на народите на Европската Унија.
Нашиот слоган кој произлегува од вредностите на Европската Унија, доволно покажува колку сме како народ битни за стабилноста и сигурноста на Република С. Македонија – ние не сме камен на сопнување – туку мост на спојување, се наведува во соопштението.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















