Оман има уникатна положба на бреговите на Оманскиот залив поради што екстремно високите температури во оваа земја се многу честа појава.
Градот Куријат во Оман на 26-ти јуни ја измери највисоката ноќна температура во историјата на мерењето – дури 42.6 степени Целзиусови. Педесетина илјади жители на градот овие денови се борат со ектремно високите температури.
Дневната температура скокнала на дури 49,8 степени Целзиусови, пренесува “Live Science”. Во мај минатата година температурата достигнала дури и до 50,8 степени Целзиусови, но дотогаш во овој омански град не била измерена толку многу висока температура за време на ноќта.
Новиот рекорд е резултат на високиот воздушен притисок во високата атмосфера над полуостровот кој што го има „заробено“ влажниот воздух од Индискиот океан на тоа подрачје, па според експертите сето тоа спречува горештините да попуштат во текот на ноќта.