Огромен питон, во влажната област на Флорида наишол на достоен ривал, кога алигатор одлучил да го претвори во својот следен оброк и успеал во тоа.
Рич Кругер минатата недела наишол на несекојдневна сцена и ја снимил, а видеото станало вирално на социјалните мрежи. На кратката снимка се гледа како алигаторот насилно го тресе питонот, за кој Кругер претпоставил дека бил долг три метри.
„Секој ден кога ќе дојдете овде, гледате нешто ново. Неверојатно е“, рекол Кругер за Фокс Њуз, додавајќи дека тоа е „најдоброто место за возење велосипец, искачување, за било што…“.
Снимката предизвикала бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина искоментирале дека ги израдувала, бидејќи не сакаат змии. Некои му порачале дека е храбар бидејќи воопшто ѝ се доближил на сцената, што докажале и неколку „селфија“.