Видео од момент кога малата Лејла Андерсон ќе го запознае момчето кое ѝ донираше коскена срж ќе ве исполни со емоции.
Пред две години, на Лејла ѝ била дијагностицирана хемофагоцитна лимфохистиоцитоза, живото-загрозувачка автоимуна болест. Благодарение на пресадувањето на коскената срж и хемотерапиите, Лејла сега е во добра здравствена состојба.

Кентон цел живот гледал како автоимуна болест му го загрозувала животот на неговиот татко. Поради тоа, кај него се родила желбата да биде донор и да им помага на оние семејства кои се соочуваат со истите проблеми.
„Како што растев, сфаќав дека татко ми не сака ништо друго освен да има нормален живот и да поминува повеќе време со своите деца, но поради неговата состојба, не може. Тоа навистина влијаеше врз мене и ќе дадам сè од себе за да се обидам да направам промена во животот на другите луѓе, за тие да не мора да минуваат низ она што помина татко ми и нашето семејство“ – вели Кентон.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















