Снимен моментот кога гром удира во дрво и го уништува: Ако некогаш сте се прашувале како изгледа тоа, еве ви прилика да видите

1557

Американската национална метеоролошка служба (NWS) објавила видео во кое е фатен моментот кога гром удира во стебло.

Ударот бил толку силен што дрвото за неколку секунди се распаднало, а неговите остатоци се срушиле на тлото.

„NWS“ го објавиле видеото на нивниот Фејсбук профил, а ударот од громот е снимен пред средно училиште во Висконсин, на 8-ми април.

Тие под видеото во описот го напишале следново:

„Никогаш не знаете каде и кога ќе удри гром. Ова е снимено пред средното училиште Ваутом ова утро. Громот го уништил борчето. Нашиот слоган е ‘кога ќе удри гром, влезете внатре’ и ве молиме тој совет да го послушате секогаш кога ќе слушнете дека грми“.