Славче Војнески го презема кормилото на Денизлиспор на местото на Просинечки!?

86

Македонскиот стратег Славче Војнески е еден од кандидатите за нов тренер на турскиот суперлигаш Денизлиспор, пренесуваат турските медиуми.

Денизлиспор денеска и официјално ја потврди оставката на Роберт Просинечки, по вчерашниот срамен пораз во Купот на Турција од нисколигашот Тургутлуспор. Па, турските медиуми веднаш почнаа со шпекулациите околу името на новиот тренер наведувајќи го како еден од кандидатите и 46-годишниот Војнески.

Славче Војнески претходно во кариерата беше асистент во турските клубови Елазигспор, Генчлербирлиги, Газиантеп и Ризеспор, а последен негов ангажман беше тренерската позиција на словачки Серед.