За популарната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.
Сопругот и малечките наследнички се оние кои секогаш и го разубавуваат секојдневнието и и’ го полнат срцето како ништо друго на светот.
Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.
ФОТО:СУЗАНА ГАВАЗОВА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН
Пред извесен период со саканите се пресели од Шведска во родната Струмица каде вели дека и е најубаво. Периодов се почесто објавува мисли од животот кои веројатно се нејзината девиза за поубаво и посреќно утре.
Овој пат, не и требаше повод и специјален празник за да се маскира како Индијанка, а во слатки индијански костими да ги дотера и ќерките.
ФОТО:СУЗАНА ГАВАЗОВА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН
Во принт комбинезонот Сузе го истакна сиот свој раскош и секаспил кој го поседува.
ФОТО:СУЗАНА ГАВАЗОВА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН
Излезе во првирода и доживувањето го документираше со галерија фотографии кои притоа ги надополни со неколку мисли од животот на Индијанците.
ФОТО:СУЗАНА ГАВАЗОВА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН
-Отсекогаш сум се восхитувала на индијанските обичаи и традиција од која може многу да се научи за духовната и силната поврзаност со природата. Да се искаже благодарност кон природата, да се слави животот. Преземи одговорност за своите дела (не ги обвинувај другите), пишува Гавазова и додава дека сигурниот став и позитивната мисла треба да бидат се’.
ФОТО:СУЗАНА ГАВАЗОВА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН
-Една мудрост од Индијанците: Оди исправенио како стебло. Живеј го животот силно како планина. Биди нежен како пролетниот ветер. Чувај ја топлината на сонцето во срцето и големиот дух секогаш ќе биде со тебе, нагласи пејачката која од приложеното не се сомневаме дека пишаното правило го применува и во пракса.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















